Топка си стапало си
трева си наспроти црното и белото
ветар си брзина си време си
круг си линија си точка си
надолу тргаш она си што се дига и се дига
тоне кон бескрајна тишина
кон грмеж
прави сјаен лак
во воздухот на мозочни ткива
*
Она си што се тркала
што скока што гледа
можеш ли да изнудиш бестежинско
скок од невозможното
може ли неверојатното да се случи некој ден
меѓу измерениот ред
што понекогаш ги крши границите
на конечното
* Траги во тревата траектории во воздухот
печат во песокот рамено петица
Мерки што никој не ги знае
малку пред малку потоа
*
Балансирање
меѓу предоцна
и прерано
во денови полни со песок под нозете
камчиња во копачките
со надеж скриена под ноктите
Мерки упатства
колебања
*
Истражувања за гравитацијата
се шпиунира саатот
паѓа низ минутата со
бели дробови и вени со
тежината на мускулите и коските и
соништата
*
Што е тоа што ја заробува земјата
со својата сјајна круна
импулс или стратегија игра или војна
Топката во мрежата губиток ли е или триумф
воени игри имплус стратегија дали е
божјата рака божјето стапало