Засекогаш ќе останам на цвеќето пријател
Собирам неколку цвета од градината,
И им ги дават на децата што поминуваат,
Да си ги накитат училишните торби…
И да направам да го почувствуваат мирисот на иднината…
Ги гледам маливе дека како трчаат
Им ги гледам малите дланки, нивните лица,
Се ужаснувам од помислата дека
Едно лале недостасува од градината на моите цветови.
Замина на денот на кој само што
почна да дрдори
Во градината на златнообоените сеќавања
на мајка му и татко му.
Никој не би помислил дека цветовите на градината
изгледаа безживотно,
Дури и кога срцето, потечено, ми препукна од
недостигот што боли.
Се чувствував далеку зад оградата на очајот,
Си ја мрсев косата со дланките
во оваа ненадејна безнадежност…
Но под стреите на вратата од мојот живот
Станав едно со светлината,
и надежта за живот…
Дур во зеленикавата градина уште лалиња
растеа повторно…
Мислев…
Замислував…
А сеќавањето на скршениот цвет,
расцвета низ целата градина…
Во таа градина, „диши“ двојот дух,
Сине…