Марсијас е: истегнат на стебло од дрво
наскоро: одран, зграпчен од гранката – сурова кожа –
е: истегнат, па сенки бегаат од
пазувите, расечени од сечилото
без здив гледа: отвора пат до темни
мисли: ветер и силна светлина
_
па: пипка потамина, прстите, сакаат: ја копаат кората тоа: шкрипти со ноктите
тоа: се крши сепак: разлабавен од светлината, [ллх] – скршен, до кадмиум, празнината подолу, [ссп] – дрво кое избива и извира уште го носи сè подлабоко – во тишина – сè потемното срце