Висејќи превртена наопаку
Наместена во својот сопствен
рај
the cicada пее:
„Јадев и полна сум.
Ова
Е добро.“
За нас ли пее?
Можно е.
Ако и ние сме насекаде допрени од оган
Ако и ние сме балансирале со часови
врз бесконечната порозност на земјата
и знаеме како е
да се биде ковчег на миг време
што отчукува при преобразбата
Ако понекогаш главите и рацете ни трепереле
како нежна корупка преплавена
со сè она што небото сака да примиме
Ако можеме да ја замислиме сувоста на ветрот
што ни ја милува црниот оклоп
за време на врелите денови
за време на ноќните огнови
кога очите ни се зрна тврда црнина
и нашиот костур
се отвора за бездомниот јазик на ветрот
Ако можеме да се замислиме себеси како
спој од оклоп и месо
расфрлани од мирната рамнодушност на животот

Ако сето ова можеме да го наречеме
среќа.