Ана Бландијана, родена во 1942 година во Темишвар, поет, есеист и прозаист, граѓански десничар и речиси легендарен лик во романската култура. 

Таа е автор на осумнаесет книги поезија, две збирки раскази, седум книги есеи и еден роман, што се преведени на дваесет и шест јазици и групирани во осумдесет книги поезија и проза до денес. 

Бландијана беше коосновач и претседател на Граѓанската алијанса од 1990 година, независна, неполитичка организација која се бореше за слобода и демократски промени. Исто така, таа повторно го основа и стана претседател на романскиот ПЕН клуб во 1990 година. Под покровителство на Европската заедница, таа го создаде Меморијалот за жртвите на комунизмот (1993), одликуван со етикетата за Европско наследство. 

Во знак на признание за нејзиниот придонес во европската култура и нејзината храбра борба за човекови права, на Бландијана и е доделено највисокото одликување на Француската Република, Légion d’Honneur („Легија на честа“) (2009) додека американскиот Стејт департмент ја одликуваше со наградата Romanian Women of Courage Award („Храбри Романки“) (2014). Таа има четири титули „почесен доктор“. 

Меѓу бројните меѓународни награди за литература, Бландијана е сè уште најмладиот добитник на наградата Herder Prize („Хердер“) (Виена, 1982), а ги доби и European Poet of Freedom Prize („Европската награда за поет на слободата“) (Гдањск, 2016) и The Griffin Trust for Excellence in Poetry (Награда од Фондот „Грифин“ за извонредни достигнувања во поезијата) (Торонто, 2017).