Некои од неговите книги – поезија и романи – се преведени и објавени на германски, англиски, турски и македонски јазик.
Има докторат од Институтот за литература при Бугарската академија на науките.
Антон Баев е претседател на Управниот одбор на фондацијата „Пловдив ЛИК“, основач и директор на Меѓународниот фестивал на поезијата „Орфеј“, претседател на Друштвото на писателите во Пловдив, Бугарија, и член на Управниот одбор на фондацијата „Општина Пловдив 2019 година“.
Основал голем број онлајн-весници, по што следуваат повеќејазичните книжевни веб-страници www.orpheus-plovdiv.eu и www.plovdivlit.com каде ја развива својата кариера како писател, издавач, уредник и колумнист.