Ариан Лека, роден во 1966 година, пишува поезија, проза, есеи и литература за деца. Исто така преведува, најчесто од англиски и италијански. За своите дела Ариан Лека добил книжевни награди од Друштвото на писатели на Албанија (2000, 2002) и од Министерството за култура на Албанија (2005, 2009, 2011). Неговиот расказ „Браќа на сечилото“ бил објавен во Најдобра европска проза 2011. Ариан Лека е основач на интернационалниот книжевен фестивал „ПОЕТЕКА“ и уредник на списанието „Поетека“ – партнер на Еурозине. Неговите дела се преведени на германски, англиски, француски, италијански, шпански, романски, бугарски, српски, македонски и кинески јазик. Ариан Лека има докторат по книжевност. Предава уметност на Универзитетот во Тирана.