Бесте Сакали е родена во 1982 година. Дипломирала во 2003 година, и веќе успеала да се докаже во полето на уметноста и литературата преку учество, организирање како и координирање на меѓународни поетски вечери и настани. Исто така, учествувала на голем број поетски фестивали. Песните на Сакалли се преведени на повеќе од осум јазици. Почестена е со бројни значајни награди, меѓу кои и „Наградата на турскиот свет” за 2008 година, што ја доделува Светското здружение на млади турски писатели. Неодамна почнала да предава литература на Источномедитеранскиот универзитет на Кипар. Досега, има објавено шест книги поезија: Синило што мириса на мир (2000),
Експедиции на маргаритки (2001), Изгорен oд снегот (2002), Намерно вљубен (2003), Време за Шебе (2006), Нарушување (2009).