Виолета Танчева – Златева е родена на 25 април 1968 година, во с. Бориево, Струмица. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје, на групата Југословенска книжевност. Пишува поезија, проза и есеи. Член на ДПМ од 2000 година. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска книга во 2015 година.
Ги објавила следниве книги проза: Книга за сонот (1992); Враќања (1993); Враќајќи се во Бориево (1999); Шарени писма (2008); како и стихозбирките Мојот Пикасо (2007); Заробеници на молкот (2010); Огнена (2011); Нашата приказна (2013); Година без лето (2015).