Volha Hapeyeva 1

 

Родена во 1982 во Минск (Белорусија) д-р. Волја Гапеева е белоруска поетеса, мислителка, преведувачка и лингвистка. Нејзините дела се преведени на над 10 јазици. Учесничка е на многубројни книжевни фестивали и конференции, добитничка на награди за книжевност во Белорусија, интернационални стипендии за престој во Австрија, Германија, Латвија. Соработува со музичари кои свират електронска музика, изведува аудио-визуелни настапи.
Пишува поезија, проза и драма, некогаш и книги за деца. Докторатот ѝ е од полето на лингвистиката. Истражува во полињата на компаративна лингвистика, филозофија на јазикот, социологија на телото, родови проблеми и книжевност. Член е на белорускиот ПЕН Центар и Унијата на белоруски писатели. Во моментов е пост-докторанд на Државниот универзитет за лингвистика во Минск (Белорусија) и визитинг професор на Универзитетот за европски општествени науки.