Гитис Норвилас (роден 1976 година во Јонава, Литванија) е поет, преведувач, есеист. Дипломирал Теорија на историја на културата на Универзитетот во Вилнус. Започнал да ги издава своите дела во 1997 година. Неговата прва книга Akmen-skeltės (2002) е наградена со наградата за најдобар поетски дебитант на фестивалот Поетска есен во Друскининкаи. Книгата Išlydžių zonos (2012) е наградена со наградата за најкреативно издадено дело за 2012 од Литванскиот институт за литература и фолклор.
Член е на Литванското друштво на писатели. Живее во Вилнус. Уредник на културниот неделник „Литература и уметност“.
Преведува проза и поезија од германски и руски јазик. Превел дела од Туваните (народи кои живеат во Јужен Сибир), Стара индиска поезија и голем број на дела од германски и австриски поети како: Алберт Лихтенштајн, Хуго Бал, Август Страм итн.