Ен Мајклс е романсиерка и поетеса. Нејзините книги се преведени на над четириесет и пет јазици и добитник е на голем број интернационални награди, како наградата „Оранж”, наградата „Гардијан“ за белетристика, како и наградата „Ланан” за белетристика. Нејзиниот роман Парчиња што бегаат беше адаптиран во филм. Нејзината најнова книга Кореспонденции, влегла во потесниот избор за „Грифин“ наградата за поезија во 2014 година. Таа е Поет-лауреат на градот Торонто.
Библиографија: Сè што видовме (ќе биде објавена во септември 2017), МекКлиланд и Стјуарт, 2017; Пруги (пишувана во соработка со Џон Бергер), Каунтерпоинт, 2013; Кореспонденции, МекКлиланд и Стјуарт, 2013; Море од фенери (уметничка книга со ограничен број примероци), 2012; Зимскиот трезор, МекКлиланд и Стјуарт, 2009; Слободно нуркање, МекКлиланд и Стјуарт, 2001; Парчиња што бегаат, МекКлиланд и Стјуарт, 1996; Рударска бара, МекКлиланд и Стјуарт, 1991; Тежината на портокалите, Коуч хаус прес, 1986