Лаура Ачербони е родена во 1985 година во Џенова. Живее во Лугано. Дипломирала современа книжевност на Универзитетот во Џенова. Нејзините песни се објавени во неколку книжевни списанија. Ја има објавено и стихозбирката Околу она што не било (Achille Marazza Prize, Opera Prima 2012). Нејзината последна поетска книга, Делот на удавениот, е издадена во октомври 2015 во издание на Nottetempo.
Има освоено неколку национални и интернационални книжевни награди.
Од 2012 член е на Уредничкиот одбор во поетското списание Steve во кое пишува критики и преведува.
Од 2016 година таа е еден од организаторите на настанот Percorsi Poetici кој е дел од Интернационалниот поетски фестивал во Џенова. Куратор е на фестивалот за современа поезија GENOVA-VOCI кој се одржува во Универзитетската библиотека во Џенова.