Лиан О’Саливан е родена во 1983 година на полуостровот Беара во западен Корк. Магистрирала англиски јазик при Универзитетот Корк во 2006 година. Освоила прво место на неколку ирски поетски конкурси во нејзините дваесетти години. Има објавено три збирки во издание на Bloodaxe, Чекајќи ги моите алишта (2004) и Калиеа: Вештерката од Беара (2009), за која ја добила наградата за ирска книжевност – „Руни“ во 2010 година и Патот на рудата во (2013) година. Во 2009 година ја добила наградата Ireland Chair of Poetry Bursary Award, во 2011 година ја добила наградата Lawrence O’Shaughnessy Award за ирска поезија, а во 2012 година ја добила наградата UCC Alumni Award. Нејзината поезија е вклучена во разни антологии, меѓу кои и Новите ирски поети на Селина Гинис (Bloodaxe Books, 2004) и Поезија 180 на Били Колинс: Враќање кон поезијата (Random House, 2003). Била на поетски престои и читања во Франција, Индија, Кина и Америка. Моментално предава креативно пишување на Универзитетот Корк во Ирска.