Марија Зајзенбахер студирала компаративна книжевност, член е на книжевната група „Вортверфт“ и уредничка на книжевното списание Кајне Деликатесен.
Добитничка е на најразлични награди и стипендии: Стипендија за книжевност од БКА (2016), Уметник стипендист во Птуј (Словенија, 2016) и Рим (Италија, 2016), Вартхолц стипендија за книжевност (2014), Старт стипендија за книжевност од БМУКК (2012), Уметник стипендист во Словачка (2011), Ханс Веигел книжевна стипендија од федералната држава долна Австрија (2007/08).
Учесничка на најразлични поетски фестивали низ Европа: „Денови на поезија и вино“, Словенија, 2016, „Тргни се! Белградски фестивал на поезија и книги“, Србија, 2016. Објавувана во книжевни списанија како: поет[маг], Лихштунген, Стерз, итн.
Објавени книги: Ruhig sitzen mit festen Schuhen. . (Издание Ателје, 2015). bher(a). Gedichte. (Издание Јара, 2011), заедно со Херман Никлас: Konfrontationen. Gedichte 2005-2007 (Литературедишн Нидеростериш, 2009).
Марија Зајзенбахер живее и работи во Виена.