Мартин Лангфорд е роден во Плајмут, Девон, Англија во 1952 година. Емигрирал во Австралија на 8 години. Има објавено седум поетски книги со следниве наслови: Расед, 1991; Големиот ѕид на инстинктот, 1993; Биди искрен, 2000; Остров, 2000; Човечкиот проект: нови и избрани, 2009. Исто така во 2005 година објавил и збирка на афоризми за поезијата и поетиката со наслов Микротекстови. Најновата книга му е Тло (П&В, 2015 г.). Уредник е на Пристанишни градски песни: Сиднеј во стихови 1788-2008 г.  (П&В, 2009 г.). Активен учесник е во поетски организации и е заменик директор на Поетри ЛТД и поетски рецензент за Минџин. Неколку пати раководел со Австралискиот поетски фестивал.