Одвиг Клув е норвешкa писателка и филмски режисер. Има објавено осум збирки поезија и осум книги за деца како и преведено песни на иранскиот поет Форуг Фарокзад, на палестинецот Фадва Тукан и на англиската поетесата Сара Магур. Нејзината последна книга се вика Балистика (2010г). Учествува на многу поетски читања и нејзините песни се преведени на многу јазици. Таа има аранжирано и режирано неколку кратки филмови со кои била почесно поканета на многу мегународни фестивали во Франција, Германија, Шпанија, Италија, Северна Ирска, Англија, Шкотска, Романија, САД и Индија. Клув има добиено тригодишен грант за уметници. Живее во Ставангер на западниот брег на Норвешка.