Томас Венцлова, роден во 1937 година во Клајпеда (Литванија). Во 1977 година емигрирал од Литванија (во тоа време под окупација на СССР) како член на дисидентско движење. Многу години предавал руска, полска и литванска книжевност на Универзитетот Јејл и на истиот е професор емеритус по словенски јазици и книжевности. Добитник е на бројни национални и интернационални награди и објавил над педесет книги. Неговото творештво вклучува томови поезија, есеи, книжевни биографии и разговори. Неговата поезија, која првично е напишана само на литвански, е преведена на над дваесет јазици меѓу кои и на англиски, галски, француски, германски, италијански, шведски, полски, руски, кинески, јапонски итн.