Чжоу Цан е поет, преведувач, сценарист, литературен научник и основач на Крилја (книжевно списание за женска поезија во Кина). Докторирала на Универзитетот во Пекинг во 1999 год. и работи во Институтот за кинеска литература во Кинеската академија за општествени науки. Во 2008 год. Чжоу Цан, заедно со Цао-Ке-Феи во Пекинг го основа театарот Бубамара. Таа е и еден од главните членови на театарот Beijing Flowing Fire Tent. Нејзините дела ги вклучуваат поетските збирки: Ослободи ме; Пишувајќи за делото на Ксу Тао и Aнти-портрет, критичките есеи: Низ перископот на поетскиот збор и Откако ќе се ослободам од тишината. Работела на преводи на збирката песни од Маргарет Етвуд: Голтање оган: Песни 1965-1995 и на Навивачка за погреб од Нина Касјан.