Јан Лауверајнс (Белгија, 1969) е поет и научник. Како невронаучник ја проучува свесната контрола на внимание. По докторирањето на Католичкиот универзитет во Леувен, живеел на повеќе места пред конечно да се пресели во Јапонија каде што работи како професор на Факултетот за уметности и науки на Универзитетот Кјушу. Лауверајнс има објавено повеќе од дваесет книги поезија на својот мајчин јазик–холандски како и на англиски и јапонски, вклучувајќи заеднички проекти со Лео Вроман, Аркадиј Драгомошченко, Кивао Номура и Мајкл Палмер. Добитник е на бројни награди и номинации за своите дела на холандски, меѓу кои и наградата за поезија VSB во 2012. Лауверајнс е ко-уредник на белгиското книжевно списание DW B.