Јоаким Сарториус е роден во 1946 година во Фирт/Баварија, а пораснал во Тунис. Студирал право и политички науки во Минхен, Лондон и Париз. Бил дипломат во Њујорк, Истанбул и Никозија до 1986. По разните работни позиции кои ги имал во полето на интернационалната културна политика, бил на чело на Институтот Гете. Од 2001 до 2011година бил генерален директор на берлинските фестивали.

Неговите опсежни издавачки проекти вклучуваат преводи на многу книги меѓу кои и Собраните дела на Малколм Лоури и Вилијам Карлос Вилијамс, како и од делата на Валас Стивенс, Џон Ашбери и Ален Курноу; соработки со уметниците Џејмс Ли Биарс, Емилио Ведова, Нан Голдин и Макс Њуман; како и ценети интернационални поетски антологии.

Неговата поезија е собрана во осум тома, и сега е достапна на дванаесет јазици. Исто така има објавено и книга со есеи и два патописа: Принцевски острови (2008) и Геконите од Белапаис (2013).