Хосеп М. Родригес е роден во Сурија, Барселона, во 1976 година. Тој има напишано есеј за јапонската поезија во западната литература, Хана* или цветот на црешата (2007 година) и пет стихозбирки: Долговите на патникот
(1998 година), Стyд (2002 година), Црна кyтиja (2004 година), Корен (2008 година) и Apxитeктypaтa јас (2012 година). Неговите дела се преведени на неколку различни јазици и добиле бројни награди меѓу кои меѓународната награда Генерацијата ’27. Тој се среќава во најважните антологии на современата шпанска поезија, во земјата и надвор од неа. Освен тоа, има објавено неколку куси раскази, антологиите Јас е друг човек (2001 година) и Топуфчиња (2004 година) и ја преведе книгата Песни на зрелоста од Кобајаши Иса (2008 година).