Љулјета Лешанаку е родена во Елбасан, Aлбанија. Студирала aлбанска филологија и книжевност на Универзитетот во Тирана, а подоцна била дел од МФА Програмата при Колеџот Ворен Вилсон, САД. Таа е стипендист на „Интернационалната програма за пишување“, Универзитетот во Ајова за 1999 година, и е добитник на стипендија од Блек Маунтен институтот при Универзитетот на Невада, Лас Вегас од 2008-2009 година.
Автор е на седум книги поезија во Албанија и осум други книги објавени на странски јазици, како: Расипан; Нови и избрани песни; Фреска; Дете на природата; Kinder der Natur; Dzieci natury; Lunes en Siete Días. Нејзините песни се преведени и објавени во антологии и книжевни списанија на многу јазици. Добитничка е на ПЕН Албанија 2016 (од Албанскиот ПЕН Центар), Националната награда „Сребрено пенкало“ 2000 година, за поезија, и интернационалната „Кристал Виленица“ награда (Интернационалниот фестивал на книжевност, Словенија, 2009).
Нејзината втора американска збирка Дете на природата е една од ННПК (Награда за најдобро преведена книга) книгите финалисти за 2011 година, а нејзината британска збирка Расипан: Нови и избрани песни беше во потесниот избор за наградата „Попески“ за 2013 (претходно Европска награда за поетски превод) од Поетското општество, Обединето Кралство.