Џорџ Марио Анхел Кинтеро e роден во колумбиско семејство во Сан Франциско, Калифорнија во 1964 година. Под името Џорџ Анхел, има објавено поезија, проза и есеи во американски и канадски списанија. Добитник е на стипендијата Валас Стегнер од Универзитетот Стенфорд и наградата Нилон доделена од Fiction Collective II. Во 1995 година, се преселил во Меделин Колумбија, каде објавува поезија, проза, драмски текстови и есеи на шпански јазик под името Марио Анхел Кинтеро. Има преведено голем дел од светската поезија од англиски на шпански јазик под псевдонимот Г. Леохена. Исто така активен е во полето на музиката, театарот и визуелните уметности.