Роден е во Софија, Бугарија на 5ти април 1941. Дипломирал на отсекот Англиска филологија на универзитетот во Софија во 1966. Од 1995 е професор по англиска книжевност на Универзитетот во Софија. Предавал бугарски јазик, книжевност и култура на повеќе универзитети во светот. Тој е основач и заменик претседател на Друштвото на писатели на Бугарија, Унијата на преведувачи на Бугарија, бугарскиот ПЕН центар, и основач на Советот на писатели и преведувачи од три мориња. Објавил девет книги поезија, од кои првата, Третата рака била објавена во 1974, а последната, Отсликувања, во 2011. Објавил четири книги есеистичка проза, два квази-патописа и дваесет книги со книжевен превод од англиски на бугарски, вклучувајќи ги Кантербериски приказни на Џефри Чосер, Изгубениот рај на Џон Милтон, Големите трагедии на Вилијам Шекспир, Дилан Томас, Тед Хјуз и други.