Дуо Дуое еден од најпроминентните кинески поети на денешнината, најоригиналниот
и најиновативниот писател на неговата генерација. Започнал да пишува поезија
за време на пресвртот на Културната револуција (1966-1976) во Кина и добитник е на
бројни интернационални награди за поезија во 1986, 1987, и 1988, пред да замине од
Кина на 4 јуни 1989 година. Минува 15 години во егзил бидејќи бил новинар за време на
студентските протести во 1989 и зборувал со новинарите од Обединетото Кралство за
време на едно поетско читање во Лондон, јуни 1989, сè додека универзитетот Хаинан во
Јужна Кина не му нуди професорска позиција во 2004. Неговиот поетски стил се менувал
пред, за време и по неговите денови во егзил, и е високо ценет од неговите современици
поети и критичари. Генерално го сметаат за најуспешниот поет во современа Кина.
Добитник е на „Кинеска наградата за литература“ од Медиумската група Јужна Кина во
2004, интернационалната награда „Нојштад“ за литература во САД за 2010 година, две
награди за достигнувања во поезијата во Кина 2014, и наградата „Ново златно доба“ за
поезија во Мексико во 2016.