Маргарет Елинор Атвуд е родена во 1939 година во Отава. Автор на повеќе од
четириесет книги поезија, проза, детска литература, раскази и стручна литература.
Додека студирала во Бостон ја објавила првата збирка поезија Кружната
игра
(1966) за која ја добива угледната награда за поезија на канадскиот Гувернер, а
со меѓународен углед се здобива со објавувањето на збирката Двојна Персефона. Во
следните неколку години наизменично пишува поезија и проза. Во нејзината поезија,
најчеста тема е односот на цивилизацијата и дивината и смета дека овие спротивности се
едни од најважните принципи во канадската литература. Има објавено преку петнаесет
збирки поезија кои се преведени на многу јазици и објавени во повеќе од дваесет и пет
земји.
Нејзиното поетско творештво ги вклучува: Кружната игра (1964); Животните
во таа земја
(1969); Дневниците на Сузана Муди (1970); Постапки од подземјето (1970);
Политики на моќ (1971); Ти си среќен (1974); Избрани песни (1976); Избрани песни (1965-1975);
Двоглави песни (1978); Црна луна (1984); Избрани песни (1966-1984); Маргарет Атвуд Песни
(1976-1986); Утро во изгорена куќа (1995); Голтање оган: Одбрана поезија (1965-1995); Врата
(2007).