Мохамед Бенис е роден 1948 година во Фес, Мароко. Од 1980 година предавал на Факултетот за уметности на Универзитетот „Мохамед V“ во Рабат. Тој е еден од најзначајните поетски гласови во арапската литература. Покрај својата книжевна дејност во 1974 година тој го основал списанието „Нова култура“ (“Al Thaqâfa Al Jadida”), а во 1985 година ја основал издавачката куќ а „Дар Тоубкал“ (“Dar Toubkal”). Во 199? г тој е еден од основачите на „Куќата на поезијата“ во Мароко, а бил и нејзин претседател од 1996 до 2003 година. На негова иницијатива во 1999 година УНЕСКО го прогласи 21 март за Светски ден на поезијата. Тој е автор на повеќе од триесет книги, меѓу кои и четиринаесет поетски збирки, студии за мароканската и модерната арапска поезија. Неговите поетски и други книги се преведени и објавени на француски, шпански, италијански, македонски и дански јазик.

[su_accordion]
[su_spoiler title=”Мохамед Бенис” style=”fancy”]Од француски јазик ги превел поемата Ниедно фрлање на
коцката… од Стефан Маларме, Раната на вистинското име од Абделкебир Катиби, Архангелично, избор песни од Жорж Батај, Поетски портрет и читање Гласини во воздухот и Книга на заборавот, поетски избори од Бернар Ноел, 99 станици на Јејл, поетска книга од Абделвахаб Мадеб. Наградуван е со бројни награди, меѓу кои со „Книжевната награда на Мароко“ во 1993 година за поетската книга „Дарот на п р а з н и н а т а“, ф р а н ц ус к а т а н а г р а д а „ Гр а н п р и А тл а с “ з а преведувачката дејност во 2000 година, наградата „Примио Калопецани“ (Италија) на медитеранската литература во 2006 година, „Интернационалната награда за литература Феронија“ (Италија) во 2007 годнина, „Ал Уваис“ (Дубаи) за целокупното поетско творештво во 2008 година, „Магребската културна награда“ (Тунис) во 2010 година, „Интернационалната награда Цепо Пистоија“ (Италија) во 2011 година и француската „Макс Жакоб ‘E [/su_spoiler]
[/su_accordion]