Наџван Дарвиш, роден на 8 декември 1978 година во Ерусалим, Палестина е еден од најистакнатите од својата генерација поети што пишуваат на арапски јазик. Дарвиш е поет, новинар, уредник и културен критичар. Моментално тој е главен уредник на Рубриката за култура во весникот Ал Араби Ал Џадид и работи како книжевен советник на Фестивалот за книжевност во Палестина. Во минатото имал неколку клучни работни позиции во полето на културата меѓу кои и главен уредник на списанието Мин ва Ила и културен критичар во весникот Ал Акбар од 2006 до 2012. Во 2014 година, Националното јавно радио ја вклучило неговата книга Нема веќе што да се изгуби како една од најдобрите книги таа година. Во 2009 година, фестивалот Хеј во Бејрут го прогласил за еден од најдобрите 39 писатели на арапски на возраст под 40 години.