Нужум Ал Ганем е емиратска писателка и една од најпознатите женски поети во арапскиот свет. Има објавено осум збирки, вклучувајќи ги: Рајска ноќ (1989), Гревови (1991), Патувања (1995), Домови од калинки (1999), Неописливо (2005), ), Ангели од далечен копнеж (2008), Ноќ полна од ноќ (2010), Паѓам во себе (2012).
Таа е исто така и многу познат сценарист и повеќе пати наградуван филмски режисер. Покрај режија, таа има продуцирано и напишано бројни документарни филмови и фикција. Моментално работи како консултант за филм, медиуми и култура, и како филмски инструктор за образовни и професионални организации во Обединетите Арапски Емирати.
Алганем е родена во Дубаи во 1962. Магистрирала филмска продукција, на Грифит Универзитетот во Австралија, а дипломирала на Универзитетот во Охајо во САД за видео продукција.