Роландо Катан е поет, библиофил, уредник и културен активист. Објавил пет книги поезија и се здобил со пофалница за наградата за поезија „Рубен Дарио“. Неговите дела се преведени на француски, англиски, италијански и арапски и биле застапени во бројни списанија и антологии објавени во Америка, Европа и Азија. Неодамна станал член на Хондураската академија за јазик. Моментално е претседател на Музејот на хондураскиот народ. Катан е водител на националната телевизиска емисија Економија и култура. Основач е и ко-уредник на проектот Читањето е забавно, кој вклучува бесплатна дистрибуција на милион книги. Исто така ко-основач е на еден од најважните проекти од областа на културата од почетокот на 21-от век во Хондурас, ПаисПоесибле. Во својата земја, Роландо ја поседува најважната колекција книги за хондураската книжевност и историја, а неодамна го основал патувачкиот музеј Хондурас Екс либрис, базиран на неговата колекција. Во 2011 година, ја добил наградата „Културно волонтерство“, која заеднички ја доделуваат Министерството за култура, за спорт и уметност, Амбасадата на Шпанија во Хондурас, Програмата за волонтери на Обединетите Нации, Програмата за развој на Обединетите Нации, а во 2016 година ја добил наградата „ОХТЛИ“, една од најзначајните награди доделени од Владата на Мексико.