Руна Светликова (Белгија, 1982) е поет, писател и графички дизајнер. Родена е 1982 година. Студирана графички дизајн, јазик и литература. Дебитирала во 2014 година со поетската книга Оваа мека бела соба објавена од „Мермер Прес“. Таа е добитник и на наградите „Херман Де Конинк“ (2015) за дебитантска книга  и Поетската награда „Џо Петерс“ за 2016 година, а била во најтесниот избор наградата „К. Будинг“ (2015), како и за „Пернат“ (2015).  Во 2016 ја добила наградата „Мостови на Струга“, која ја доделуваат СВП и УНЕСКО за најдобра дебитантска поетска книга од млад светски автор. Редовно организира поетски читања и помали фестивали. Пишува на холандски јазик.