Роден е во 1959 во Велестово, Охрид. Тој е поет за деца и возрасни, есеист, преведувач.
Основач е на поетската манифестација „Поетска ноќ во Велестово“, а бил и претседател
на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата. Автор е на повеќе од петнаесет
книги поезија: Гравири (1979), Проект (1982), Студен порив (1985), Последните ракописи
(1988), Спореден пат (1991), Предмети и аргументи (1994), Анабаза (1994), Форми на
страста (1998 и 1999) Темно место (1999), Мерач на зборовите (2007), Поле. Бојно поле?
(2008), Јазичен триптихон (2016), Извештаите на рисот (2017).
Застапуван е во многу антологии и преведуван на неколку десетици јазици.
Добитник е на бројни домашни и меѓународни награди, меѓу кои и „Ацо Шопов“, „Браќа
Миладиновци“.