Томица Бајсиќ е поет, преведувач, цртач и дизајнер. Има објавено четири книги поезија (Јужниот крст, Песни на светлоста и сенките, Воздух под морето и Бунтот на обесените), две книги патеписна проза ( Два света и уште еден и Амазон дише – училиште на далечниот крај на светот) и сликовницата за паркот на природата Велебит – Ана и Велебитската самовила. Неговата поезија е преведена на дванаесет јазици и застапена е во низа антологии и литературни списанија во Хрватска и ширум светот. Изведувана е на радио, на телевизија и на театарската сцена.