Федерико Диас Гранадос е поет,есеист и промотор на културата. Ги објавил следните поетски книги: Огнени гласови (1995); Куќа во ветрот (2000) и Попатна крчма (2003). Ги приредил следните антологии на нова колумбиска поезија: Мрачна е песната на дождот (1997), Залиха спроти светлината (2001), Дванаест млади колумбиски поети (1970-1981) и Антологија на современата мексиканска и колумбиска поезија (2011). Ко-автор е на Отворена градина (Антологија на млада колумбиска и уругвајска поезија, 2005). Во 2009 година ја добил стипендијата „Алваро Мутис“ во Мексико. Член е на организициониот одбор на интернационалниот поетски фестивал во Богота.