Хавива Педаја е родена во Ерусалим, студирала на Хебрејскиот универзитет и Училиштетo за визуелен театар во Ерусалим. Живее во Бершева, Израел.
Педаја е една од водечките научници и истражувачи во полето на еврејската култура и еврејскиот мистицизам, една од најеминентните израелски поети, културен критичар и активист за социјална правда. Таа е професор по еврејска историја и раководител на Центарот за проучување на шпански и ориентален накит–Елиакар на Универзитетот Бен Гурион. На хебрејски ги издала следните книги: Од запечатената арка (поезија), 1996; Раѓањето на душата (поезија), 2002; Окото на мачката ( роман), 2008; Крваво мастило (поезија), 2009; Отпечатоци (роман), 2014; Ран и доцен (поезија), 2015; Пеколот е рајот во рикверц (поезија), 2016.
Добитник е на многубројни награди меѓу кои и: Наградата за поезија и литература на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим – Хари Хершон (1989); За книгата Раѓањето на душата ги добила наградите: Претседателска награда за литература (2004) и наградата на Фондацијата Ачи (2005). За книгата Крваво мастило ја добила наградата Амичаи (2012).