Хуан Октавио Пренс е роден во 1932 во Ла Плата, Аргентина. Од 1979 година живее во Трст. Предавал литература на универзитетите во Буенос Аирес, Ла Плата, Белград, Љубљана и Трст.
Тој е поет, раскажувач, есеист, критичар и преведувач. На шпански превел поезија на многу поети од некогашните југословенски простори. Неговите дела се преведени на многу јазици и се дел од бројни антологии.
Неколку наслови од неговата поезија се: Плоштад во предградие; Бродска фигура; Чисти сметки; Посланија од Новиот свет; Белешки за историјата; Озборувања од Новиот свет (Наградата на Друштвото на писатели на Аргентина); Ставање крај; Света Пинта на девојката Марија (меѓународна награда Каса де лас Америкас); Средување на сметките,; Човек волк; Поетска антологија; Простодушни маленкости – Минимални права; Поетска антологија (на италијански) итн.