Дипломирала шпански јазик и книжевност и студии за медиуми, и освен што е поет, преведувач, уредник и многу активен културен менаџер, Јоланда Кастањо многу години работела како колумнист во Галициска телевизија. Има објавено 6 книги поезија на галициски и шпански (Длабочината на полето и Вториот јазик се нејзините последни наслови), неколку памфлети и два зборника. Финалист била за Националната награда за поезија, а освоила многу награди за поезија меѓу кои Националната награда за критичари, наградите „Espiral Maior“, Fundación Novacaixagalicia, Ojo Crítico (најдобра книга поезија на млад автор во Шпанија) и наградата за Автор на годината доделена од галициските книжарници. Таа е релевантен културен активист, редовно организира месечни поетски читања, фестивали, книжевни и преведувачки работилници. Била генерален секретар на асоцијацијата на писатели на галициски јазик и придонесла во многу медиуми, книги, антологии, конференции и многу читања или мултимедијални поетски перформанси во и надвор од Галиција, вклучувајќи и многу интернационални поетски фестивали и средби. Координирала зборници, уметнички и поетски изложби, објавила творби како уредник, како и пет книги поезија за деца и четири преводи на шпански и галициски на современи автори. Некои од нејзините песни се објавени на 20 јазици.