Јустина Баргиелска (родена во 1977) е поетеса и писателка која живее во Варшава. Била лауреат на конкурсот за поезија Рајнер Марија Рилке (2001) и специјалната награда Јацек Биерзина (2002). Двапати ја добила наградата за литература Гдиња (2010 и 2011), а била номинирана и за наградите Вислава Шимборска и Нике. Нејзината поезија е преведена на неколку јазици, меѓу кои и англиски и словенечки. Ги објавила следните книги поезија: Сесии за љубовни врски (2003); Кинеска испорака (2005); Два фиата (2009); Бах за моето бебе (2012); Брзо за сите (2013); Нуделман (2014); и книгите проза: Мртвороденче (2010); и Мали лисици (2013).
Последната книга на Баргиелска Нуделман (2014), содржи мрачна и вознемирувачка поезија, за разлика од нејзината претходна игривост и ведрина. Тука се работи за нова, посилна, понекогаш брутална, а сепак поетска приказна. Таа нé потсетува дека човекот не е непобедлив туку дека е кршлив.