Роден е на 15 мај 1934 година во Кајсери. По завршувањето на основното и средното образование дипломирал на колеџот за новинарство во Истанбул. Од 1956 година 15 години пишувал во дневниот весник за политика „Суверинитет“ и во месечното списание за уметност „Фиданка“.
Член е на Друштвото на писатели на Турција, Асоцијацијата на новинари и на MESAM и ILESAM.
Статиите и песните на Абдула Сатоглу, во уметничките кругови познат како „Поет на лалето“ биле објавени во многу престижни списанија. Како резултат на неговите заслуги за Турската култура и фолклор и неговите дваесет книги и стотици статии кои ги објавил, во 1996 ја добил наградата за Фолклор од Унијата на уметници во Кајсери и наградата „Заслуги за турската култура“ од страна на Институцијата за фолклорни истражувања.