Роден во Штип на 20. 12. 1923, починал во Скопје на 20. 4. 1982 година. Борец, поет и преведувач, есеист, прв уредник на Млад борец, уредник на повеќе литературни списанија во Македонија, амбасадор во Сенегал (1972-1976), претседател на поранешниот Сојуз на литературните преведувачи на Југославија. Член на Македонскиот ПЕН-центар, како и на ДПМ и тоа од неговото основање (1947). Тој е еден од најзаслужните што македонската поезија за релативно кусо време ги надмина колективистичките и соцреалистичките тонови. Со својот интимизам му ги отвори вратите на македонскиот поетски израз кон модернизмот. Критичарите неговото творештво го организираат во четири круга: првиот (1944-1950), кој почнува со неговата прва стихозбирка Песни, а завршува со На Грамос; вториот што го сочинува неговото творештво омеѓено со двете негови збирки Стихови за маката и радоста (1952) и Ветрот носи убаво време (1957); третиот што е главно во знакот на двете најзначајни стихозбирки Небиднина (1963) и Гледач во пепелта (1970) и четвртиот што е одбележан со двете последни книги Песни за црната жена (1976) и Дрво на ридот (1980). Книгата што направи пресвртницане само во творештвото на Шопов туку и во македонската литература воопшто, е збирката Стихови за маката и радоста. Имено, со неа поетски се разнишаа цврстите бедеми на дотогашниот соцреалистички модел на творење. Во таа 1952 година, контроверзната збирка на Шопов ја иницира, а потоа и ја разгоре декадата на конфронтација помеѓу реалистите и модернистите. Тие ќе спорат за природата на реалистичката уметност, за нејзината актуелност и за можноста т.е. неможноста за нејзино обновување во 20 век, за важноста на усвојувањето на уметничките откритија од западноевропските литератури, за светското искуство на авангардизмот и модернизмот. Вистинскиот Шопов како поет, сепак, излегува со стиховите од неговиот трет круг. Поимите небиднина и црно сонце од неговата поетска лексика с# уште ја чуваат својата мистична моќ и не престануваат да бидат предизвик и поттик за најразлични критички судови и дешифрирања. ДЕЛА: поезија: Песни (1944), Пруга на младоста (заедно со С. Јаневски, 1947), На Грамос (1950), Со наши раце (1950), Стихови за маката и радоста (1952), Слеј се со тишината (1955), Ветерот носи убаво време (1957), Небиднина (1963), Јус-универзум (1968), Гледач во пепелта (1970), Песни за црната жена (1976), Дрво на ридот (1980).
Flickr
Новости
- Конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ во 2020 година, за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на СВП понеделник јуни 1st, 2020
- MBRËMJET E POEZISË SË STRUGËS JANË PJESË E „FESTIVALIT TË SHPRESËS” петок април 24th, 2020
- „Струшки вечери на поезијата“ e дел од „Фестивалот на надежта“ петок април 24th, 2020
- Поздравно обраќање на Амир Ор, добитникот на Златниот венец за 2020 година вторник март 24th, 2020
- Израелскиот поет Амир Ор е добитникот на наградата „Златен венец“ на СВП за 2020 година сабота март 21st, 2020
Контакт
Address: P.O. Box 109
Str. Brakja Miladinovci nr.5
6330 Struga
Republic of Macedonia
Phone: ++389 46 786 270
Fax: ++389 46 786 280
Email: struga@svp.org.mk