Роден во Подуево, Косово на 21. 8. 1935, починал во Скопје, 19. 3. 1982 г. Тој е поет и преведувач. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1961). Со книжевна дејност се занимавал од 1955 г. Соработувал во весниците и списанијата на албански јазик, бил новинар на весникот Рилиндја и уредник на културната рубрика на в. Флака е Влазлримит. Бил член на ДПМ. Автор е на повеќе збирки поезија на албански јазик. Преведувал од албански на македонски (И. Кадаре, Р. Кукај и др.) и од македонски и српски и хрватски на албански јазик. Меѓу другото, на албански ги превел: Пустина од Ѓ. Абаџиев, Пасквелија од Ж.Чинго, Години несоница од Т. Момировски и книги со избор од поезијата на М. Матевски. Добитник е на наградата на Струшките вечери на поезијата „Браќа Миладиновци“ (1982, посмртно) за стихозбирката Лебедова песна.Дела: Светлина на срцето (1961); Морска школка (1966); Ниту птица, ниту дрво (1973); В сон песна (1975); Од цвет до цвет (1975); Едно трето време (1977), Морска ѕвезда (1979); Песни (1980); Лебедова песна (1982). Преводи и препеви: Стихови и раскази од писатели на албанската народност во Македонија (Скопје, 1973, со Александар Поповски); Ти песно, ти далечна песно (Скопје, 1973, со Гане Тодоровски).
Flickr
Новости
- Конкурс за наградата „Браќа Миладиновци“ во 2020 година, за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на СВП понеделник јуни 1st, 2020
- MBRËMJET E POEZISË SË STRUGËS JANË PJESË E „FESTIVALIT TË SHPRESËS” петок април 24th, 2020
- „Струшки вечери на поезијата“ e дел од „Фестивалот на надежта“ петок април 24th, 2020
- Поздравно обраќање на Амир Ор, добитникот на Златниот венец за 2020 година вторник март 24th, 2020
- Израелскиот поет Амир Ор е добитникот на наградата „Златен венец“ на СВП за 2020 година сабота март 21st, 2020
Контакт
Address: P.O. Box 109
Str. Brakja Miladinovci nr.5
6330 Struga
Republic of Macedonia
Phone: ++389 46 786 270
Fax: ++389 46 786 280
Email: struga@svp.org.mk