Аднан Озер е роден во Текирдаг во 1957 година. Дипломирал Факултетот за комуникации при Универзитетот во Истанбул. Првата збирка поезија ја објавил во 1981 година, а потоа следеле уште шест други книги. Во 1991 година објавил свои избрани песни. Исто така, превел поезија од Пабло Неруда, Октавио Пас и Федерико Гарсија Лорка. Во 1992 година ја добил наградата за поезија „Кемал Суреја“ за својата книга „Мапа на времето“. Работел и како уредник во неколку издавачки куќи во Истанбул а сега е директор на Меѓународниот поетски фестивал на Истанбул.