Адријан Аријас (1961) е перуански поет, визуелен уметник, куратор и културен промотор кој од 2000 година работи во Сан Франциско. Неговите четири книги поезија се насловени: Навики (1984), Соништа & параноја (1996), Божја казна (1999), и 26-10-2028 (2000), како и колекција на посебни ограничени изданија од сите негови поетски читања. Неговата поезија е застапена во антологии во Перу, Шпанија и САД. Аријас објавува по една песна дневно на неговиот блог. Учествувал на меѓународни читања и конгреси на поети во Перу, Мексико, Шпанија а неговите дела од областа на визуелните уметности се изложени во самостојни и групни постановки во Јапонија, Франција, Шпанија, Италија, Полска, Канада, Чиле, Аргентина, Бразил, Доминиканска Република, Перу и САД.