Агрон Туфа (1967), е роден во Сухадол, Албанија. Студирал книжевност на Универзитетот во Тирана. Ги  продолжил своите студии во Москва, каде што дипломирал на Одделот за теорија на превод, со особебен фокус на работата на Џозеф Бродску. Работи како главен уредник на литературното  списание  “Зборот” и предава книжевност на Универзитетот во Тирана. Тој е автор на стихозбирите: ”Таму, на Скинските порти”, 1996 и “Околината на Атлантида”, 2002, како и на романите “Дуелот”, 2002 и “Фабула раса” Тирана 2004. Тој, исто така има преведено многу руски автори, меѓу кои и Џозеф Бродску, Ана Ахматова, Осип Манделштам, Борис Пастернак, Андреј Платонов , Михаил Булгаков, Владимир Набоков  и Владимир Сорокин.