Ахмад ел-Шахаву е роден во 1960 година во Дамиета, Египет. Дипломирал новинарство на Факултетот за уметности на Универзитетот Сохаг. Работи како уредник-соработник на „Нисф  ал-дунја“, неделно списание издавано од „Ал-Ахрам“, еден од водечките египетски дневни весници, каде што е еден од основачите и каде што почнал да работи. Учествувал на национални и меѓународни поетски настани и фестивали во Египет, Тунис, Јордан, Холандија, Јемен, Катар, Кувајт, Германија, Ирак, Велика Британија, Франција, Грција, Турција, САД, Израел, Мароко, Данска, Шведска, Шпанија, Обединетите Арапски Емирати, Канада, Швајцарија и во Сирија: Добитник е на награда за поезија на УНЕСКО (1995) и на наградата „Кававис“ (1998).  Има објавено 12 стихозбирки.