Аксинија Михајлова, поетеса и преведувач, родена е во 1963 година. Автор е на пет книги поезија на бугарски јазик, една на француски и две книги преведени на словачки и арапски. Нејзините песни се публикувани на повеќе од четиринаесет европски јазици, во Канада, Кина и Јапонија. На бугарски јазик превела триесет книги – поезија и проза. Учествувала на фестивали во Бугарија и во странство на кои е наградувана за нејзината поетска и преведувачка дејност. Член е на бугарскиот ПЕН центар, на Здружението на преведувачи на Бугарија и на
Друштвото на писатели на Бугарија. Живее и работи во Софија.