Александар Навроцки е поет, критичар и преведувач кој дипломирал полска филологија, унгарска филологија и етнографија на Универзитетот во Варшава, продолжувајќи ги студиите во Унгарија и Романија. Неговото поетско деби било во 1965 во “Култура”, неделен магазин, чиј уредник бил Станислав Грочовиак-“Принцот на поетите”. Неговиот прв том стихови, “Р`ѓосано овошје” бил издаден во 1966 и досега има напишано 12 томови поезија, 10 од нив издадени во странство,има учествувано во многу престижни литературни фестивали и е добитник на 10 интернационални литературни награди. Тој е автор и издавач на “Полска поезија- Антологија на Милениумот”,исто и ко-уредник на двојазичната антологија на полска поезија –“Од век до век”, која претставува антологија на поезија од 14 словенски земји.