Аленка Јовановски е поетеса, преведувачка, критичарка, есеистка и уредничка. 

Докторирала компаративна книжевност и предавала на Филолошкиот факултет во Љубљана и на Факултетот за хуманистички науки во Нова Горица. 

Од 2011 г. е слободен преведувач и писател. Преведува современа италијанска литература и литература од англиското јазично подрачје. 

Авторка е на две поетски збирки: „Панталони за Џи“ и „Илјада и осумдесет степени“. 

Нејзината поезија е препеана на шпански, англиски и полски. Застапена е во антологијата на полски „Жена во обратен портрет“ (12 поетеси од Чешка, Украина и Словенија, 2013) и во американската антологија на словенечката поезија „Мост од гласови“ (2017).