Алеш Мустар е роден во 1968 година во Љубљана. Тој е поет и преведувач. Дипломирал англиски јазик и литература на Универзитетот во Љубљана. Во 1996 година се запишал на постдипломски студии по Современа романска литература на Универзитетот во Букурешт, Факултет за литература, Романија, каде и докторирал. Преведува од романски и македонски на словенечки. Објавил збирка поезија Суд(бин)ско толкување. Негова поезија е преведена и објавена на англиски, македонски, романски, чешки и полски. Исто така, пишува текстови за алтернативниот театар.